За нас

Центар за сува градба

Ритам Трејд ДОО Скопје егзистира на пазарот во Република Македонија од 2009 година и е компанија формирана со заедничко вложување на Ритам инженеринг- Белград, Република Србија компанија која е дел од групацијата Б+М Ритам Белград и работи во склоп на австриската корпорација Baustoff+Metall Gruppe Wien, Austria, интернационална компанија со присуство со сопствени компании на пазарите на повеќе од 15 европски земји. Интернационалното искуство и присутност на регионалниот пазар на странскиот партнер со веќе високо изградена позиција го оправдуваат постоечкиот пристап кон клиентите и константното одржување на високиот квалитет како во асортиманот на производите така и во изведбата. Преку застапништвото на голем број брендови од областа на сувата градба кои се пред се лидери во својата дејност, нашите цели и стремежи се пред се задоволувањето на се повисокиот критериум на домашните купувачи и партнери.

Ритам Трејд ДОО Скопје егзистира на пазарот во Република Македонија  од 2009 година и е компанија формирана со заедничко вложување на Ритам инженеринг- Белград, Република Србија компанија која е дел од групацијата Б+М Ритам Белград и работи во склоп на австриската корпорација Baustoff+Metall Gruppe Wien, Austria, интернационална компанија со  присуство со сопствени компании на  пазарите  на повеќе од 15 европски земји.  Интернационалното искуство и присутност на регионалниот пазар на странскиот партнер со веќе високо изградена позиција го оправдуваат постоечкиот пристап кон клиентите и константното  одржување на високиот квалитет како во асортиманот на производите така и во изведбата. Преку застапништвото на голем број брендови од областа на сувата градба кои се пред се лидери во својата дејност,  нашите  цели и стремежи се пред се задоволувањето на се повисокиот критериум на домашните купувачи и партнери.

 

1.ЛАМИНАТИ:  Во областа на подовите работиме со  ламинатни подови и дополнителна опрема за крајни потрошувачи и дистрибутери од водечки германски  производители (CAMSAN,  TARKETT, KRONOTEX…). Ламинатните подови се со дебелина од 6-12mm, 31,32 и 33 употребна класа во преку 70 дезени и бои, антистатични, со гаранција и атести. Нудиме и повеќе видови класични паркети (бука, даб, јасен...) од повеќе странски производители.

 

2.ПАРКЕТИ: Трослојни паркети се готови паркети,стругани,лакирани,се местат на клик систем од светски познатите производители TARKETT  и BARLINEK  кои може да бидат поставени со лепење за подлогата  или  без лепење на клик систем , како пливачки под. Во нашата понуда имаме пвц подови и теписони  за домашна и комерцијална употреба од реномираниот производител TARKETT .

 

3.ЛЕКСАН:Со гордост истакнуваме дека во делот на иновативната градба во нашата понуда ги имаме поликарбонатните  плочи LEXAN на  SABIC  INOVATIVE PLASTICS,  плоча која допринесува за заштеда на енергија и има одлични механички карактеристики. Идеален материјал за застаклување како и замена на постоечки застаклени површини. Има широко поле на примена од зимски бавчи преку лични настрешници и пластеници се до трговски центри, спортски стадиони, базени....  Овде би ги спомнале и WЕDI плочите кои се изработуваат од екстудиран тврд полистирен со двострана армирана мрежичка од стаклени влакна преку која се наога слој на цемент. Тоа ги прави идеална подлога за обложување со плочки,со можност за лесно сечење и превиткување. Плочите се 100 % водонепропусни, одличен термоизолатор, лесно обработливи и смалуваат пробивање на пареа.

 

4.ГИПС КАРТОН:Во понудата имаме голем избор на гипскартонски плочи почнувајки од стандарните плочи (во дебелини од 9.5мм, 12.5мм и ширина од 1200 и 1250мм), преку водоотпорни и огноотпорни со истите димензии, па се до  плочи за специјална намена по нарачка од асортиманот на производителите SAINT-GOBAIN  RIGIPS - Austria  и ТECHNOGIPS FORMATT BUILDING PRODACTS - Bulgaria. Во асортиманот ги имаме профилите на INTRAPROFIL - Serbia како и целокупниот дополнителен прибор потребен за формирање облоги на ѕидови и плафони, нониус носачи за големи оптеретувања и противпожарни системи, заштитни и завршни лајсни, штрафовска роба за сите намени како и прашкасти материјали за разни намени: Лепаци, исполнувачи-филери, глет маси, машински малтери, моделарски гипсови...

 

5.КАМЕНА И МИНЕРАЛНА ВОЛНА:Во делот на изолационите системи располагаме со минерална и камена волна од ISOVER и KNAUFINSULATION и исто така во нашиот асортиман се и  EPS плочите стиропор и стиродур   чија употреба е во фасадните системи како и повеќе видови паропропусна - водонепропусна  кровна фолија.

 

6.СПУШТЕНИ ПЛАФОНИ:Доколку имате потреба Вашиот простор да го оплемените или реновирате со нашата понуда ви стоиме не располагање и со  изведба и продажба на касетирани плафони, плафони од минерални, гипсани, метални или дрвени плочи на водечките  европски производители ( АRMSTRONG ). За сите видови плафони поседуваме сертификати за квалитет звучна апсорпција и противпожарна заштита.

 

7.КРОВНИ ПРОЗОРЦИ:Застапници сме и за  VELUX кровните прозорци кои нудат  комплетното решение  кое ги содржи сите производи кои Ви се потребни да можете максимално да уживате во својот простор - кровни прозори, опшивки, термо и хидроизолационен сет, заштита од сонце и топлина.

 

8.БОИ И ФАСАДИ:Неодамна во нашиот асортиман се вкучени и производите на Фабриката за градежен материјал MATOX ( SERBIA) афирмиран и водечки производител на машински малтери, цементни лепаци, маса за глетување, течни декоративни материјали и слично.

 

Поради страста кон усвршување на постоечките производи и освојување на новите технологии, посветеност кон купувачите и нивните потреби, со верување дека квалитетот е единствен императив во работењето со рецептуирањето, ја воведивме компанијата MAXIMA (SERBIA) во листата на наши производи која се става на место на најуспешните фирми од овој регион во областа на производство на материјали за завршни работи во градежништвото (подлоги, маси за израмнување, гипс маси, бои за внатрешна употреба, декоративни премази, бои и премази за

надворешна употреба и дрво, лепила за дрво и паркет, производи за керамика, машински малтери, декоративни фасадни малтери, фасадни системи..)

 

9.ХИДРОИЗОЛАЦИЈА И ПРАШКАСТИ МАТЕРИЈАЛИ: Листата на соработници ја збогативме со реномираната Австриска фирма ARDEX  како и со реномираниот лидер во хидроизолацијата DRACO со која се потпираме на квалитет, безбедност и брзина на обработка. Ardex е постојано во директен контакт и интензивна размена на искуства со струката.Темелните информации од прва рака се грижат за рационализација на работните процеси. Со иновативните производи се отворат нови патишта за постојано поекономично градење. Квалитетот е гарантиран од првиот до последниот производ. Од програмата на Ardex ги нудиме следните производи: лепила за плочки и поставување природен камен, изолација, маси за фугирање и силикони, основи и врзивно премостување, подни маси за нивелирање, лепила за подни облоги и паркет, ѕидни маси за израмнување (глетовање), градежни материјали, кошулици. 

 

Во делот на изведбата во секое време можеме да излеземе во пресрет со квалитетна изведба и монтажа која истовремено ќе биде координирана од нашиот стручен тим на соработници, како изведувачи, така и нашиот тим од магистри архитекти со лиценци за надзор и проектирање и изведба.Поседуваме и Б Лиценца за градба на објекти од втора категорија издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.