Предности на сувата градба се брза изработка на облоги, прегради и плафони, поради  фактот што плочите се со големи димензии и лесно се поставуваат, нема процес на сушење како кај стандардната градба - плочите се бандажираат и спремни се за глетовање или поставување тапети. Има големата прецизност во работата и едноставната можност за преправање. Системите изработени на овој начин се неспоредливо полесни од стандардното малтерисување или ѕидање.

* ГИПС КАРТОН  


gips-karton

 

 

Во понудата имаме голем избор на гипскартонски плочи почнувајки од стандарните плочи (во дебелини од 9.5мм, 12.5мм и ширина од 1200 и 1250мм), преку водоотпорни и огноотпорни со истите димензии, па се до  плочи за специјална намена по нарачка од асортиманот на производителите  Ригипс-Австрија и Техногипс - Бугарија.

http://www.rigips.com
http://www.technogips.bg

  • gips-karton2
  • gips-karton3
  • gipskarton2
  • gipskarton5
  • gipskarton6

* ПРОФИЛИ

Во понудата имаме имаме профили за изработка на системи од гипс картон и тоа
Профили за облагање ЦД и УД и профили за преградни ѕидови ЦВ и УВ во
ширини од 50,75 и 100мм како и УА профили по нарачка. Профилите се изработени од поцинкуван лим во дебелини од 0,5;0,55 и 0,6мм со соодветни Атести.
Со профилите се формираат носечки подконструкции за формирање на облогите од гипс картон,преградите или плафоните. Во зависност од висината на преградите се одредува и растојанието на профилите - стандарните растојанија на профилите за суво монтажни ѕидови се 60 цм односно 62.5цм (во зависност од ширината на таблата). Во асортиманот ги имаме профилите на Интрапрофил.

http://www.intraprofil.com/


* ПРИБОР


Од оваа група на материјали имаме широк асортиман за различна намена,од стандардниот прибор за формирање облоги на ѕидови и плафони, нониус носачи за големи оптеретувања и противпожарни системи, заштитни и завршни лајсни, штрафовска роба за сите намени. Од останатиот прибор нудиме федер сидра, дистанцери, цд држачи спојки за цд профили и др
http://www.intraprofil.com/
http://www.rigips.com
http://www.technogips.bg

* ПРАШКАСТИ МАТЕРИЈАЛИ


Во асортиманот имаме прашкасти материјали за разни намени: Лепаци, исполнувачи-филери, глет маси, машински малтери, моделарски гипс, електричарски гипс и други производи на база на гипс и на цементна основа.

http://www.rigips.com
http://www.technogips.bg