Светски тренд е новоградбата да е со што подобра термо изолација со што би се заштедила енергија за ладење и греење. Согласно ова се повеќе и кај нас се градат нискоенергетски или пасивни куќи.
Оттука правилно поставената изолација и правилното поставување на паро пропусните фолии значително влијаат на целокупната изолација на објектот. Добро изведената изолација значи да нема потреба од грејни и разладувачки уреди. За оваа намена нудиме производи на Isover I Knauf Insulation.
Во понудата имаме EPS (стиропор), XPS (стиродур), минерална и камена волна,како и сите потребни лепаци,лајсни и пратечки материјал за правилно вградување на изолацијата.


* МИНЕРАЛНА И КАМЕНА ВОЛНА


mineralnaikamenavolnaisover

Освен за термоизолација минералната волна е и одличен апсорбер на звук, односно во системот на преградни ѕидови допринесува и за звучна изолација. Постои голем избор на минерална волна во зависност од местото на примена и посакуваната функција.
Камената волна е незаменлива во системите на противпожарна заштита, а одличен материјал за топлинска и звучна изолација. Плочите од тврда волна се користат и за изолација на објекти од надворешна страна,како и за подна изолација, а плочите од мека и полутвра волна за сите останати ситуации.


http://www.isover.com
http://www.knaufinsulation.com

 

* СТИРОПОР И СТИРОДУР  stiroporistirodur


Експандиран, односно екструдиран полистирен. Поради својата мала тежина и лесна примена,овие материјали имаат широка примена во изработка на термоизолација,фасади,подни плочи, но и прегради. Најчеста примена на EPS плочите е во фасадните системи каде плочите се лепат и типлуваат за фасадата, а потоа се обработуваат со некој систем од тенкослојни малтери.


* Tyvek® SOLID


Овој робустен единечен слој со заштитна подлошка од полиетилен со висока густина со анти – блескава површина може да биде директно употребен на плочата или за изолација на топли покриви и исто така е погоден за примена на ѕид.Најчесто барана  под име  паропропусна - водонепропусна  кровна фолија ,која  со својот квалитет ги има најдобрите својства * да ја пропушти пареата од таванот, а ги задржи капките  вода кои се создаваат при кондензација *особено кога кровот е изработен со лимен покрив. Се монтира над терволот со печатениот текст свртен кон покривот. Пакувањето е во ролни со димензии 1,5 метри *50метри или 75м2