Превоз и испорака

При купување во нашите продажни места: ако не можете да превезете со вашето возило она што сте го купиле, ние можеме да организираме транспорт под услови договорени со продавачот. Транспортот се врши според распоред, секој ден освен на празници и недела, од 08:00 до 16:00 часот. Ве молиме, договорете ги сите детали за транспортот на продажното место каде што сте купиле.

Испорака и подигнување на робата е во рок од 10 дена по извршена уплата. За подолги рокови на чување не превземаме одговорност.

Истовар

Производите ќе бидат испорачани на договорената адреса до местото каде што може да се пристапи со возило. Обезбедете да биде слободен пристапот. Истоварот и носењето на производите на кат се одговорност на купувачот. Купувачот ќе биде контактиран за да се подготви за примање на нарачката. Проверете ја нарачката по пристигнувањето и пријавете секој недостаток на превозникот. Со потпишувањето на документот, потврдувате дека сте ја примиле и дека е во добра состојба. Ритам Трејд ДОО не презема одговорност за понатамошно чување и ракување со производот.

Враќање и замена

Враќање или замена на производи (фабрички запакувани и неоштетени) се реализира со задолжително приложување на фискалната сметка во законски предвидениот рок од 30 дена. Враќање или замена на производи по нарачка не е возможно.